24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„McLaren Sabre“ дебитираше со 835 „коњски сили“ (ВИДЕО)

„McLaren Sabre“ дебитираше со 835 „коњски сили“ (ВИДЕО)

По многу шпекулации, гласини и шпионски фотографии, конечно го видовме новиот „McLaren Sabre“. Иако на малку неочекуван начин – презентацијата на хиперавтомобилот не дојде од британскиот бренд, туку од неговиот дилер во Беверли Хилс, САД.

Првично се сметаше дека новиот „Sabre“ ќе биде со хибриден мотор со над 1.000 коњски сили, но компанијата не изненади со конвенционален мотор со внатрешно согорување без електрична помош. Во овој случај, машината го има добро познатиот 4-литарски V8 со двоен турбо, со што се постигнува максимална моќност од 835 „коњски сили“ и вртежен момент од 800 Nm.

Со горенаведените индикатори, новиот автомобил станува најмоќен модел со V8 на „McLaren“ (без хибрид). И со својата максимална брзина од 350 km/h станува најбрзиот двосед модел на бреднот (тука ве потсетуваме дека „Speedtail“ и „F1“ имаат по 3 места).

„McLaren Sabre“ е исто така доста ексклузивен модел, бидејќи се планираат само 15 единици за производство. Покрај тоа, автомобилот е дизајниран исклучиво за американскиот пазар, бидејќи има специфични компоненти што ги бара американската агенција за безбедност на патот за хомологација во земјата.

Всушност, не треба да се разочарувате што „McLaren Sabre“ ќе биде само за САД. Во суштина, моделот е модифицирана верзија на „Senna“, подготвена од единицата за персонализација „McLaren Special Operations“ (MSO). И секоја од 15-те машини е развиена во соработка со клиентите на машината.

Првата хипермашина веќе е во рацете на нејзиниот сопственик. „McLaren“ не ја одредува почетната цена, прецизирајќи дека секоја машина е многу персонализирана, според желбите на клиентот, но се очекува да биде околу 3,4 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП