26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Square“ преговараше за купување на „Tidal“

„Square“ преговараше за купување на „Tidal“

„Square Inc.“, компанијата за дигитално плаќање предводена од Џек Дорси, разговараше за стекнување на услугата за стриминг музика „Tidal“, како дел од нејзината потрага за диверзификација, објави „Bloomberg“, повикувајќи се на извор запознат со ситуацијата.

Дорси разговарал за потенцијален договор со Џеј Зи, раперот и музички магнат кој го купил „Tidal“ за 56 милиони долари на почетокот на 2015-та година, изјави изворот, кој побарал да остане анонимен бидејќи разговорите се приватни. Преговорите можеби нема да завршат со договор.

Од „Square“ категорично одбиле да дадат коментар, додека од „Tidal“ воопшто не одговориле на барањето на „Bloomberg“ за коментар.

Акциите на „Square“ денес се скоро непроменети на ниво од 230,77 долари по акција, а до средата тие објавија годишен раст од 270%.

„Tidal“, кој започна во 2014-та година, се бори да остане во чекор со другите стриминг услуги, вклучувајќи ги „Spotify Technology SA“ и „Apple Music“. Самата музика на Џеј Зи е мамка за платформата, но тој ги врати своите песни во „Spotify“ минатата година – покренувајќи прашања за „здравствената“ состојба на „Tidal“. Услугата не ги пријави податоците за претплатниците, бидејќи соопшти дека има 3 милиони клиенти кои плаќале во 2016-та година.

Дорси, пак, има амбиции да го изгради „Square“ во многу поширока компанија составена од самостојни, комплементарни услуги. Двата главни производи на „Square“, „Square Seller“ и „Cash App“, сега работат нешто одделно во рамките на „ Square Inc.“, секој со свое „раководство“ на менаџерскиот тим. За Дорси, кој помина повеќе од четири години на раководна функција во „Walt Disney Co.“, се смета дека замислува дека „Square“ исто така ќе поседува колекција на деловни активности под корпоративен чадор.

Дорси беше фотографиран во август во Хемптонс со Џеј Зи и неговата сопруга Бијонсе, а потоа повторно во декември со парот и актерот Шон Пен на плажа на Хаваи.

Сопствениците на „Tidal“ вклучуваат скоро дваесетина високи уметници, вклучувајќи ги Бијонсе, Алиша Кис, Мадона, Ријана и други, според неговата веб-страница. Услугата е достапна во 53 земји и нуди над 60 милиони песни и 250.000 видеа. Услугата се обиде да ја искористи моќта на своите sвезди за да понуди искуства што ја надополнуваат нивната музика. Ова вклучува шоу на Ријана во Париз, кое се емитуваше за членовите на „Tidal“, како и добротворни концерти на Џеј Зи и неговата сопруга Бијонсе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП