20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCoinbase - американскиот еднорог во крипто-индустријата излегува на берза

Coinbase – американскиот еднорог во крипто-индустријата излегува на берза

Coinbase, најпознатата американска крипто компанија, ја достави документацијата за излегување во берза. Тоа се очекуваше врз основа на претходните најави на компанијата, пишува Techcrunch.

Се очекува да излезе на берза на почетокот на следната година, но сè уште не е јасно како ќе го стори тоа. Од нивниот пост на блогот не е јасно дали ќе се одлучат за иницијална јавна понуда (IPO) или за директна понуда (DPО), односно дали ќе излезат во јавноста со или без посредници.

На сличен начин, Slack се огласи почетокот на 2019 година, без премногу информации, но пред да го продаде на Salesforce, имаше директна котација.

Coinbase собра голем приватен капитал, вклучувајќи ја Серијата Е од 300 милиони долари во октомври 2018 година. Неговата серија D во август 2017 година беше повеќе од 100 милиони долари, според Crunchbase. Tiger Global, Andreessen Horowitz, DFJ Growth и IVP беа предводници во круговите на финансискирање на оваа финтех компанија.

Не е јасно колку приходите на Coinbase пораснале, ниту колку биле профитабилни нивните операции во последните неколку години. Со оглед на тоа, тешко е да се предвиди колкава ќе биде нивната вредност на берзата во споредба со сегашната проценка од 8 милијарди долари.

Компанијата ја објави оваа одлука во време кога се случува нов бум во светот на крипто-валутите, имајќи предвид дека биткоинот постигна историски раст и повлече уште неколку посилни валути. Да потсетиме дека компанијата имаше проблеми во предизборната кампања, кога десетици вработени поднесоа оставки, кога извршниот директор на компанијата рече дека нема да учествуваат во политички прашања, кои не се директно поврзани со мисијата на Coinbase.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП