25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ"Подари време"-кампања на b watch што ја дополни новогодишната магија

“Подари време”-кампања на b watch што ја дополни новогодишната магија

Интересен е фактот дека токму во најчудната година bwatch 1920 го слави своето вековно постоење. 100 години бренд, 100 години насмевки и среќа на лицата, 100 години време. За да може еден бренд да опстои во ваков опсег на време, навистина е потребно многу љубов во работењето, посветеност, но најмногу од се, стекната доверба во купувачите, корисници на ова време. Нивниот начин на работа е поддржан од секоја дефиниција за традиција, работа и квалитет.

Креативноста на B watch не застана ниту миг од самото основање во 1920 година. Низ годините на работа се забележува постојан емотивен пристап кон околностите, празниците и најмногу кон потрошувачите. Така и оваа година, креативниот тим на bwatch1920 излезе со кампања која навистина е поддржана од јавноста, но и од професионалците. Кампањата подари време има за цел да подари 100 подароци еднакви на 100 години постоење, за секоја година, за секое време по еден подарок. Подари време испраќа моќна порака кон сите нас, дозволува да го повториме наученото за скапоценоста на времето, да не заборавиме дека оние кои ги сакаме се наша одговорност, нивната радост зависи токму од нашето време-она време кое ќе им го подариме.

Начинот на кој тоа го спроведуваат е уште поинтересен. На секој кој ќе сака да раскаже како го подарува своето време некому, ќе му се заблагодарат со подарок накит или часовници. Единствено е потребна креативност и при објавата да се употреби хаштаг #podarivreme.

Доделувањата ќе бидат на 11 декември, 21 декември и 31 Декември.

Повеќе детали околу кампањата можете да видите на инстаграм (https://www.instagram.com/bwatchshop/) или фејсбук профилот (https://www.facebook.com/BWatchShop).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП