23 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАXiaomi најави изненадувања: Пристигнува еден од најсилните паметни телефони

Xiaomi најави изненадувања: Пристигнува еден од најсилните паметни телефони

За само неколку дена, Xiaomi би требало да го претстави првиот паметен телефон кој ќе работи на најновата генерација на најмоќниот мобилен чипсет.

Со години, повеќето од најмоќните паметни телефони се напојуваат со хардвер од Qualcomm. Компанијата официјално ја претстави новата генерација на својот најмоќен чипсет на почетокот на декември – Snapdragon 888, кој ќе биде срцето на повеќето од најмоќните мобилни уреди кои ќе ги видиме следната година. За време на презентацијата од Qualcomm, тие истакнаа дека телефони со најсилен Snapdragon припремаат 14 компании, а една од нив е Xiaomi.

Првичните информации велат дека сите телефони со новиот чипсет може да се очекуваат во текот на следната година, но се чини дека Xiaomi ќе ја престигне конкуренцијата и ќе го претстави својот паметен телефон со Snapdragon 888 оваа година. Кинеската компанија преку Weib објави дека ќе го претстави моделот Mi 11 во понеделник, 28 декември, и иако во моментов нема официјални информации за сите опции, познато е дека ќе има Snapdragon 888 и ќе се продава во верзии со 8 GB меморија и 128 GB простор за складирање и во посилна верзија со 12/256 GB.

Покрај моделот Mi 11, се очекува и Mi 11 Pro, а од двата модели се очекува големи екрани (се споменува брзина на освежување од 120 Hz) и одлични камери. Ќе биде интересно да се види што друго подготвуваат од Xiaomi затоа што, според информациите на “9to5Google”, тие преку Weib објавија дека подготвуваат големи изненадувања. За што точно станува збор, ќе дознаеме за неколку дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП