21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИ15 години Далма: Причина за радост

15 години Далма: Причина за радост

Далма  кетеринг оваа година прославува 15 години од своето постоење и успешно работење и  покажува дека ништо не може да не оддалечи од вкусната храна. Иако треба да останеме дистанцирани од другите луѓе, до нашите омилени оброци сме поблиску од било кога.

Како што се наближува крајот на оваа година, се потсетуваме на сите изминати моменти кои потикнаа значајна промена. А, секоја промена означува и успех. Со напорна работа, посветеност и максимална грижа сите овие години, групацијата “Далма“ прерасна во задолжителна гурманска дестинација во светот на врвниот кетеринг. Оваа година го прославува својот 15ти роденден, а со тоа се докажа како компанија  препознатлива по својот единствен стил, извонреден квалитет и врвна услуга.  

Јубилејната 15та година ја започна исправена пред големи искушенија и предизвици предизвикани од корона кризата. Но, искуството и инвентивноста ја потврдија нејзината подготвеност за справување и во време на криза.

Уште од самиот почеток Далма се покажа како сигурна компанија која цврсто ги следи своите цели и најнови светски трендови кои ги пременува во нејзината секојдневна работа. Од мал бутик ресторан прераснува во голема компанија, која е поделена во  3 големи сектори, кои нудат широк спектар на разновидни услуги, започнувајки од фин кетеринг, опрема за организација на настани до индустриски кетеринг, наменет за исхрана на компаниите и нивните вработени. Движечката сила за ова достигнување отсекогаш била поводот за прослава, да биде потпора на луѓето и најсреќните моменти да ги направи совршени. Кога она што го работиш те прави среќен, самите резултати го потврдуваат квалитетот. Затоа, секоја свеченост на клиентите претставува нов предизвик и одлична шанса Далма да го постигне она што најдобро го умее – да биде причина за радост и со секој подготвен оброк да ја направи забавата комплетна.

Без разлика на местото, времето или поводот, Далма е секогаш подготвена да го пресретне секое барање со вистинска посветеност на секој детаљ. Во секоја специфична ситуација и пред секој неочекуван предизвик, Далма има можност да се справи бидејќи има долгогодишно искуство исполнето со континуиран развој во полето на технологијата со која работи и иновација во полето на кетерингот. Со најновиот сектор за индустриски кетеринг и различните можности  кои ги нуди , како in-house готвење во самата локација или ѕвездесто распоредување со ладен ланец од својата модерна и најсовремена индустриска кујна во Скопје, Далма за помалку од 2 години во арената на кулинарскиот свет се наметна како јасен лидер и се издвои од својата конкуренција по квалитет и целосна безбедност на храната која ја испорачува.

Со над милион  подготвени оброци во краток период во Скопје и околината,  Далма во новата година својот амбициозен проект и пристап го продолжува со ширење на индустрискиот кетеринг низ целата територија на државата со отворање на неколку економски центри.

Компанијата располага со над 100 вработени стручни лица меѓу кои врвни готвачи, нутриционисти, технолози, организатори, инженери за звук и друг персонал, во кои компанијата континуирано вложува. Затоа, после 15 години постоење и илјадници изработени настани од секаков вид – домашни прослави, дипломатски приеми, корпоративни веселби од различни големини, може да се каже дека Далма не е само обичен кетеринг сервис. Со своето непрекинато растење и развивање, Далма е поим за целосно гурманско уживање и незаборавно искуство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП