Повеќе од 4,6 милиони нови случаи на коронавирус се потврдени во светот минатата недела, што е највисок број од почетокот на пандемијата, објави Светската здравствена организација (СЗО).
Според СЗО, од 14 до 20 декември во светот биле регистрирани 4.612.790 новозаболени со коронавирус, а како резултат на вирусот починале 79.001 лице.

