28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Го скршија мразот“ во Норвешка - пристигнаа првите кинески електрични автомобили (ВИДЕО)

„Го скршија мразот“ во Норвешка – пристигнаа првите кинески електрични автомобили (ВИДЕО)

Кинескиот производител на електрични автомобили „Xpeng“ започна да ги доставува првите возила на клиентите во Европа.

Првиот контингент од 100 кросовери „Xpeng G3“ пристигна во Норвешка, каде што моделот ќе се продава по прилично прифатлива цена, кога станува збор за овој тип на возило.

Имено, „G3“ чини 358.000 круни (околу 33.500 евра), што е релативно мала цена ако се знае дека електричните кросовери од западните производители, вклучително и „Teslа“, чинат значително повеќе.

Кинеската компанија „го скрши мразот“ во Норвешка, бидејќи електричните автомобили се многу добро прифатени во оваа земја, а во следната година има намера да започне со продажба во друга европска земја.

„Xpeng“ е еден од неколкуте стотици кинески стартапи компании со електрични автомобили, но исто така само еден од само неколку кои веќе започнаа со производство и продажба на електрични возила.

Во средината на декември 2018-та година компанијата започна производството на првиот модел, кросоверот „G3“, кој се здоби со голема популарност на домашниот, кинески пазар веќе следната година.

„Xpeng“ не крие дека негов пример за лансирање на брендот на електрични автомобили бил американскиот производител „Teslа“.

„G3“ е опремен со батерија од 66 kWh, што е доволно за автономија од 450 km, мерена според стандардот „WLTP“, а автомобилот е во состојба да забрза од место до 100 km на час за 8,6 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП