Неодамнешните извештаи сугерираат дека „Samsung“ може да претстави најмалку три телефони од серијата „А“, како што се „A32 5G“, „Galaxy A52 5G“ и „Galaxy A72 5Gv“. Меѓу нив, се верува дека „Galaxy A32 5G“ ќе пристигне како најевтин 5G телефон на јужнокорејската компанија. Сепак, најновите информации укажуваат дека „Galaxy A22 5G“, кој се очекува следната година, би можел да ја носи титулата најевтин телефон 5G на „Samsung“.
„Galaxy A32 5G“ се очекува на почетокот на 2021-ва година, со цена од околу 299 евра. Новиот извештај сугерира дека „Galaxy A22 5G“ ќе дебитира во средината на следната година, по цена од околу 200.000 вони, што е околу 185 долари. Телефонот ќе биде насочен кон растечките пазари, како Индија и земјите од Јужна Азија.

