27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДали знаете што означуваат бројките и буквите на гумите?

Дали знаете што означуваат бројките и буквите на гумите?

guma

Секоја гума на страничниот ѕид има ознаки кои можат да ви кажат се за карактеристиките на гумите, доколку знаете да ги протолкувате. Ако знаете која ознака што претставува, многу лесно можете да одредите која гума ви одговара, без дополнителни консултации со продавачот.

Тоа што секогаш можете да го пронајдете на гумите е името на производителот, називот на профилот, ширината на пресекот на гумите во милиметри, односот на висината на гумите со односот на ширината на гумите во проценти, премерот на бандажите во инчи, ознаката дали се во прашање радијални гуми, индексот на носивот, индексот на брзината. На гумата можат уште да се видат и ознаките кои укажуваат на тоа дали има внатрешна гума или не, како и датата на производство, но и индикаторот за истрошеноста на гумата.

На страничниот ѕид на гумата се наоѓаат податоци за димензиите на гумите која е изразена во милиметри.  Пример една гума со ознака 165/70 R13 79T. Со бројот 165 е означена ширината на гумата во милиметри, 70 е профилот на гумата или односот помеѓу висината на страничниот ѕид и ширината на потисниот слој во проценти.

Бројот 13 го претставува пречникот на бандажите, кој и одговара на гумата и е изразен во инчи. Бројот 79 е индексот на носивост, со кој се дефинира максималното оптеретување кое може гумата да го издржи, а кој може да се прочита од табелата за носивост. Во овој случај 79 значи дека може да издржи максимални 437 килограми оптеретување.

„Т“ е индексот на брзина, односно буквата која во табелата одговара на максималната брзина која гумата може да ја поднесе при дозволеното оптеретување. Буквата „Т“ означува дека гумата може да се инсталира на возило чија максимална брзина на движење не преминува 190 km/h.

Дополнителните ознаки на гумите.

Покрај основните ознаки кои покажуваат какви се карактеристиките на гумите, на страничниот ѕид може да се најдат и следниве симболи.

„DOT“ – Означува датумот на производсто на гумата и обично е изразен во следнава форма „DOT 1109“ – тоа значи дека гумата е произведена во 11-та недела од 2009-та година.

„XL (Extra Load)“ – Гума со поголемо оптеретување.

„RF (Reinforced)“ – Означува дека гумата е дополнително засилена.

„RFT (Run-On-Flat)“ – Гума која е посебна по тоа што овозможува продолжување на возењето и по механичкото оштетување, на пример доколку се дупне гумата.

„M+S (Mud+Snow)“ – Оваа ознака најчесто се наоѓа на зимските или „all season“ гуми (за сите годишни времиња).

„TL (Tubeless)“ – Ознака дека внатрешната гума не постои.

„TT (Tube Type)“ – Ознака дека внатрешната гума постои.

„TWI“ – Индикатор за потрошеноста на гумата.

„C“ – Кога по димензиите на гумата во ознаката стои и буквата „C“, тоа значи дека гумата е наменета за лесните теретни возила.

Треба да се напомене дека од 1-ви ноември 2012-та година сите гуми кои се произведени на европскиот пазар ќе имаат специјални налепници за информацијата за потрошувачката на горивото, нивото на бучава и контрола на влажен терен. Овие информации ќе се наоѓаат и во рекламните материјали на компанијата која ги произведува гумите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП