19 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИПроизводителите на медицински производи влегуваат во 2021-ва подготвени за нови зделки

Производителите на медицински производи влегуваат во 2021-ва подготвени за нови зделки

Производителите на медицински помагала влегуваат во 2021-ва година подготвени за бран зделки наспроти растот на цените на акциите и високото ниво на слободна готовина што ја имаат.

Индустријата, која порасна за повеќе од 70% од најниското ниво во март, е „зрела за зделки“, според Кристијан Феј, управител на портфолио во „BNP Paribas Asset Management“. Аналитичарите исто така забележуваат дека „Abbott Laboratories“, „Johnson & Johnson“ и „Zimmer Biomet Holdings“ се меѓу оние кои најверојатно ќе имаат корист од ниските каматни стапки и силните биланси.

Производителите на медицински помагала привлекуваат интерес од инвеститорите кои бараат изложеност на здравствениот сектор и сакаат да ги избегнат ризиците поврзани со развојот на лекови и потенцијалните промени во федералните политики. Наспроти позадината на акциите на овие компании, кои тргуваат со рекордно достигнување, „Wall Street“ гледа можност за зголемување на зделките по застојот во 2020-та година.

„Спојувањата и превземањата на компании за медицински помагала се пригушени и можеме да забележиме раст во 2021-ва година, особено ако клучните пазари се покажат како еластични во првиот квартал“, рече Џаред Холц, стратег на „Jefferies“.

Купувањето на „Stryker Corp.“ за 4,9 милијарди долари на „Wright Medical Group NV“ во минатата година беше меѓу неодамнешните големи потези што го привлекоа вниманието на „Wall Street“. Зделката на „Siemens Healthineers“ за купување на „Varian Medical Systems“ за околу 16,2 милијарди американски долари во август и интересот на „Baxter International“ за упување на „Omnicell“ сигнализира дека индустријата оди кон сезона со повеќе големи зделки.

„Edwards Lifesciences“, „Insulet“, „Masimo“, „iRhythm Technologies“ и „Nevrо“ се навистина иновативни компании кои можат да имаат значително влијание врз некои од најголемите играчи, рече Фај од „BNP Paribas“. Тој ја посочи „Boston Scientific“ меѓу компаниите кои „треба да направат нешто“.

Желбата за зголемување на деловната активност доаѓа со комбинација на ниски каматни стапки и претстојниот крај на пандемијата. Вакцините на „Pfizer“ и „BioNTech“ веќе започнаа да се администрираат, а дозите на „Moderna“ се очекува да бидат одобрени за употреба во рок од неколку недели.

„Има светло на крајот од тунелот и таа видливост им олеснува на деловните субјекти да планираат и да трошат пари“, рече Бред Лончар, извршен директор на „Loncar Investments“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП