8 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИ„Philips“ ја купува американската „Biotelemetry“ за 2,8 милијарди долари

„Philips“ ја купува американската „Biotelemetry“ за 2,8 милијарди долари

Холандската компанија за медицинска технологија „Philips“ го зајакнува својот бизнис за следење и грижа за срцевите заболувања со договор од неколку милијарди долари.

Американската компанија „Biotelemetry“ ќе биде купена за 72 американски долари по акција, објавија од „Philips“. По оваа понудена цена, „Biotelemetry“ се проценува на скоро 2,8 милијарди американски долари (2,3 милијарди евра).

„Аквизицијата е целосно во согласност со нашата стратегија да бидеме водечки снабдувач на решенија за управување на грижата на пациентите во болница и во домашна нега“, изјави извршниот директор на „Philips“, Франс ван Хаутен.

„Biotelemetry“ е специјализирана за далечинско следење и грижа за срцевите пациенти во болниците и во домашни услови. Ова го прави, на пример, со преносни уреди за контрола на срцето.

„Biotelemetry“ во моментов се грижи за повеќе од еден милион пациенти со срцеви заболувања. Во 2019-та година, компанијата имаше приходи од продажба од 439 милиони долари. „Philips“ очекува значителни синергии од аквизицијата. Завршувањето на зделката е планирано за првиот квартал од 2021-ва година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП