26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЗбогум на приватноста! Сателит фотографира дури низ ѕидови (ВИДЕО)

Збогум на приватноста! Сателит фотографира дури низ ѕидови (ВИДЕО)

Да се сними нешто од сателит што се движи во орбитата на Земјата може да биде многу комплицирана работа. Освен што ги земаат предвид временските услови и надморската височина на која се наоѓа сателитот, леќите играат голема улога и во тоа дали фотографијата е јасна или не. Во последниве години, производителите развија леќи кои навистина можат да помогнат да се направи јасна фотографија што ги покажува деталите.

Но, пред неколку месеци, компанијата „Capella Space“ лансираше сателит во вселената што може да направи јасни радарски фотографии насекаде во светот. Покрај тоа што имаат неверојатна резолуција, фотографиите можат да покажат и што има зад sидовите на некои згради.

Благодарение на технологијата што ја развија, тие можат да фотографираат без разлика дали е ден или ноќ, дожд или сонце во тој дел од светот. Имено, тие покрај класичната фотографија, користат и „SAR“ (synthetic aperture radar) или радар за синтетичка решетка. Како што објаснија, „SAR“ работи како ехолокатор што го користат лилјаците или делфините. Сателитот испраќа силен радио сигнал до површината на Земјата и потоа собира повратни информации и ги толкува. Бидејќи испраќа сопствен сигнал од 9,65 GHz, понекогаш тој сигнал поминува низ зградите и се прават фотографии што личат на Х-зраци на зградата. Ова им овозможува на нивните фотографии да имаат висока резолуција и тие можат да снимаат квадрати со димензии 50 на 50 сантиметри.

Ова им дава предност во однос на другите компании кои обезбедуваат слични услуги. Затоа тие започнаа платформа преку која сите заинтересирани, било од приватниот или јавниот сектор, можат да бараат фотографии од кој било дел од светот.

И дека веруваат во побарувачката на овие фотографии, се вели во нивниот план за следната година кога ќе испратат уште шест сателити со исти можности во орбитата на Земјата.

Како пример за користење на „SAR“ и сателитите на „Capella“, нивниот шеф Пајам Баназаде ја наведе можноста за насочување на два сателити на истата „цел“ и создавање на тродимензионална слика што открива што се крие одозгора. Да речеме, авион во воена база кој е покриен со церада или уништување на шума во многу облачно или магливо подрачје.

Таквите радарски фотографии може да се користат и во градовите, за да се следи инфраструктурата, бидејќи тие можат попрецизно да ги следат оштетувањата на патиштата, па дури и на тунелите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП