24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржава поттикнува ДИГИТАЛНО ПЛАЌАЊЕ со 10% поврат

Држава поттикнува ДИГИТАЛНО ПЛАЌАЊЕ со 10% поврат

Италија е земја во која готовината сè уште преовладува меѓу начините на плаќање. За да ги охрабри луѓето да вршат дигитални плаќања, кои се сметаат за побезбедни за време на пандемијата од „Covid-19“, а во исто време да ја намали сивата економија, италијанската влада сега нуди награди во вид на поврат на средствата за секое дигитално плаќање.

Италијанската Влада во Рим ја покрена иницијативата минатата недела и таа ќе ја спроведе на тој начин што потрошувачите ќе преземат специјална апликација на своите мобилни уреди и ќе ги регистрираат своите дигитални начини на плаќање во неа, а потоа тие автоматски ќе добијат поврат за секоја исплата направена со картичка или паметен телефон.

Купувањето преку Интернет е исклучено од оваа иницијатива.

За периодот на празничниот шопинг, корисниците ќе добијат поврат на средства од 10 проценти од секое купување, најмногу до 150 евра, доколку направат најмалку десет дигитални плаќања до крајот на годината.

Знак дека италијанците сметаат дека оваа идеја е добра е фактот дека 7,6 милиони луѓе веќе ја преземале апликацијата.

Програмата вклучува купување во продавници, како и плаќања на услуги како што се адвокати и лекари.

Италијанците сè уште не можат да плаќаат со картички на многу места, но тоа постепено се менува. Учеството на готовински трансакции паднало од 68,4% во 2016 година на 58% минатата година, покажа истражувањето на Европската Централна банка (ЕЦБ) и Италијанската Централна банка. Европскиот просек е 48 проценти. Владата во Рим издвои 1,75 милијарди евра за програмата за надоместок за 2021 година, а три милијарди за една година подоцна. Како дел од пошироката италијанска програма без готовина, владата, исто така, автоматски ги регистрира оние кои плаќаат со картичка или апликација, во наградна игра за купувачите и трговци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП