„Apple“ ќе се врати на својот редовен план и распоредот на објавување со линијата „iPhone 13“, во текот на 2021-ва година, според аналитичарот Минг-Чи Куо.
Ова значи дека објавувањето на серијата „iPhone 13“ може целосно да се очекува до крајот на септември 2021-ва година. Во текот на оваа година, поради проблемите предизвикани од пандемијата со Ковид-19, „Apple“ го одложи претставувањето на новите „iPhone“ уреди. Така, „iPhone 12“ и „12 Pro“ пристигнаа во октомври, додека „iPhone 12 mini“ и „12 Pro Max“ се појавија во продажба во ноември.

