29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали треба да се вакцинирате ако веќе сте прележале Ковид-19? Еве што...

Дали треба да се вакцинирате ако веќе сте прележале Ковид-19? Еве што велат светските експерти

Со оглед на тоа што милиони луѓе ширум светот или се заразиле со Ковид-19 или веќе го прележале, се поставува логично прашање – дали сепак треба да се вакцинираат доколку веќе го прележале новиот коронавирус?

Неколку странски експерти дадоа свое мислење за потребата од вакцинирање на луѓе кои во моментов се заразиле од Ковид-19 или ја прележале болеста.

Оние кои се опоравиле од вирусот, исто така, ќе бидат прашани дали сакаат да се вакцинираат, рече д-р Вилијам Шафнер од универзитетот Вандербилт и понатаму појасни дека нема да се прави разлика меѓу оние кои се заразени, кои биле заразени или оние кои досега не биле инфицирани.

Шафнер исто така вели дека заштитата добиена со вакцинација може да трае подолго од онаа која е стекната со природна инфекција.

Многу експерти за коронавирусни заболувања велат дека тие спаѓаат во оние кои предизвикуваат нецелосен имунолошки одговор. Ова е исто така причина што науката сè уште не најде вистински и дефинитивен лек дури и за настинката.

Д-р Грегори Поланд од американската клиника Мајо во Рочестер верува дека постои можност луѓето кои имале само благи или никакви симптоми на Ковид-19 да не развиле долгорочен имунитет на болеста. Тој вели дека имунитетот обично се губи во рок од неколку месеци, или најмногу од една до две години, со оглед на тоа што во моментов во оптек има четири бета-коронавируси во светот.

Понатаму, д-р Амеш Адаja од Центарот за здравствена безбедност на Универзитетот Џон Хопкинс вели дека иако природната инфекција обезбедува заштита за одреден временски период, сè уште не е можно да се предвиди колку би бил силен имунолошкиот одговор кај поединците.

Адаja додаде дека вакцината кај оние кои прележале Ковид-19 дополнително ќе го зајакне природниот имунитет на организмот, а со тоа и поефикасно да го спречи ширењето на болеста.

Луѓе кои веќе биле заразени со новиот коронавирус, исто така учествувале во клинички студии. Тие ќе се следат со месеци и години за да се видат ефектите на вакцината врз нивниот имунитет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП