6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Oppo“ има нов концепт на телефон кој се преклопува три пати

„Oppo“ има нов концепт на телефон кој се преклопува три пати

„Oppo“ покажа уште еден флексибилен телефон. Кинеската компанија сè уште не објави флексибилен телефон кој е широко достапен на пазарот, но претстави неколку нови дизајни во форма на концепти. Најновиот концепт доаѓа во форма на модел кој се преклопува три пати.

„Oppo“ го разви овој телефон во соработка со јапонското студио за дизајн „Nendo“. Уредот се вика „Slide Phone“, а новиот концептен модел лесно може да се стави на дланка, благодарение на неговиот дизајн со тројно виткање.

Во својата преклопена форма, која нуди 1,5-инчен екран, телефонот може да се користи за проверка на известувањата, одговарање на повици или пристап до музичкиот плеер.

Дополнителното отворање (лизгање) на екранот открива 3,15 инчен дисплеј, за кој „Oppo“ тврди дека е доволно добар за создавање фотографии или за игри. Конечно, последното расклопување открива 7-инчен дисплеј, кој има минимални рамки. Овој формат има необичен однос, кој е долг и тесен, но може да се користи за мултитаскинг.

„Oppo“ со овој „Slide Phone“ концептен телефон нуди и поддршка за „stylus“ паметно пенкало, кое може да се вметне во куќиштето на телефонот. За оптика се користат три камери и „LED“ блиц.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП