Најдобриот лек против настинката и зголемената телесна температура е одморот, советува германскиот магазин за здравје „Naturarzt“.
Бидејќи земањето на лекови за намалување на температурата може субјективно да ја подобри состојбата, пациентите често ќе се почувствуваат добро, па стануваат од креветот и продолжуваат со секојдневните активности, а на тој начин не се одмараат доволно. Високата температура е важна во борбата против инфекциите.

