8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПроблеми за Pornhub: Големите играчи му свртеа грб

Проблеми за Pornhub: Големите играчи му свртеа грб

Најголемите светски компании за кредитни картички, Mastercard и Visa, ги запреа плаќањата кон Pornhub откако во медиумите беше објавено дека голем број видеа објавени на таа платформа за забава за возрасни, всушност содржат снимки од сексуално злоставување на деца.

Од Mastercard порачаа дека трајно ја прекинуваат соработката со Pornhub и дека нивните картички повеќе нема да можат да се користат за плаќање на претплата за оваа онлајн платформа. Од друга страна, Visa рече дека ќе ги блокира плаќањата сè додека не заврши истрагата.

Како што се очекуваше, Pornhub ги отфрли сите обвинувања, нарекувајќи го потегот на Mastercard и Visa „разочарувачки“, додавајки дека тие користат неколку системи за верификација на содржината на нивната платформа, како и можноста за поставување видеа само од проверени автори.

Тие додадоа дека овие одлуки најмногу ќе влијаат на самите автори на видеата, кои повеќе нема да можат да така да заработуваат.

Да потсетиме, Њујорк Тајмс минатата недела објави сторија за тоа како можете да најдете видеа на Pornhub во кои е очигледно дека децата се сексуално експлоатирани, но и видеа во кои сексуално се искористуваат жени во несвесна состојба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП