6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЛакови на хаосот: Откриени вселенски автопати кои можат драматично да го забрзаат...

Лакови на хаосот: Откриени вселенски автопати кои можат драматично да го забрзаат патувањето низ Сончевиот систем

Астрономите открија „небесен автопат“ за патување низ Сончевиот систем со многу поголема брзина отколку што претходно се сметаше за можно.

Меѓународен тим на астрономи откри необична мрежа на автопати, а овие правци им овозможуваат на астероидите и кометите да поминуваат низ растојанија како оние меѓу Нептун и Јупитер за помалку од една деценија и да поминат неверојатни 100 астрономски единици за помалку од еден век. Една астрономска единица претставува просечно растојание на Земјата од Сонцето и изнесува 149 597 871 километри.

Растојанието помеѓу Јупитер и Нептун е 25 астрономски единици.

Научниците тврдат дека оваа мрежа може да се искористи за релативно брзо испраќање вселенски летала до оддалечените делови на нашиот планетарен систем и дека може да се користи за следење и подобро разбирање на небесните тела кои можат да ја погодат Земјата.

Наведениот тим научници ги набљудувале динамичните структури на овие патеки, кои формираат поврзана низа лакови во нешто што се нарекува поделба на вселената и кои се протегаат од астероидниот појас помеѓу Марс и Јупитер па сè до Уран и пошироко.

Овој новооткриен космички феномен делува неколку децении, наспроти стотици илјади или милиони години што обично траат динамичните процеси во Сончевиот систем.

Астрономите велат дека највпечатливите автопати се поврзани со Јупитер и неговите моќни гравитациони сили.

Не треба да изненадува што Јупитер може да започне транспорт од големи размери и за деценија долг временски период, со оглед на тоа што вселенските мисии досега беа специјално дизајнирани за транспорт со помош на Јупитер. Најдобри примери за тоа се патувањата на вселенските летала Војаџер 1 и 2 покрај Јупитер, пишуваат астрономите во студијата.

Астроодинамичарите исто така се свесни дека може да се обезбеди гравитациона помош на разделниците на вселената. Сепак, нивното широко влијание врз природните вселенски тела е многу потценето и неистражено, забележува студијата.

Астрономите дошле до откривање на овие вселенски автопати со тоа што всушност собрале нумерички податоци за милиони орбити во Сончевиот систем и нумерички ги обработиле овие орбити и како тие се вклопуваат во веќе познатите вселенски разделувачи.

Сепак, тимот на американско-српски астрономи нагласува дека нивните резултати треба дополнително да се изучуваат за да се утврди како овие патеки можат да се користат за вселенски летала и како овие разделници се однесуваат во близина на Земјата.

Студијата е објавена во научното списание Science Advances под прилично интересен наслов – Лакови на хаосот во Сончевиот систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП