29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Airbnb“ со раст од 112% по своето деби на берзата

„Airbnb“ со раст од 112% по своето деби на берзата

„Airbnb“ успеа да пласира нешто повеќе од 50 милиони акции по цена од 68 долари, што успеа да собере приближно 3,5 милијарди долари од нејзината првична јавна понуда.

Успехот на компанијата дојде вчера, кога започна второто тргување со нејзините акции. Трговската сесија започна со тргување на ниво од 146 долари за акција и заврши на 144,71 долари за акција.

Ова претставува зголемување од 115% на почетокот на сесијата, како и 112,81% на крајот на денот. Трансакциите беа склучени и по рекордна цена од 165 долари по акција.

Затоа некои аналитичари на пазарот го објавија долгоочекуваното појавување на „Airbnb“ како едно од најуспешните IPO-а во последниве години.

Вкупно 91% од сообраќајот на компанијата е органски, што значи дека „Airbnb“ не мора да плаќа на „Google“ или на социјалните медиуми како „Facebook“ за да ги бара своите клиенти, вели Скот Галалуеј, предавач по маркетинг во „NYU“.

„Тие ги намалија трошоците за маркетинг, како и го намалија бројот на вработени за 25% за време на пандемијата. Кога економијата и туристичката индустрија ќе закрепнат, ова ќе и овозможи на компанијата да оствари профит“, додава Галалуеј.

Тројцата основачи на „Airbnb“, Брајан Чески, Џо Гебија и Нејтан Блачерџик веќе поседуваат повеќе од 10 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП