26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСАД го тужи „Facebook“ за повеќегодишна злоупотреба на монопол

САД го тужи „Facebook“ за повеќегодишна злоупотреба на монопол

Федералната трговска комисија (FТC) во Соединетите држави и скоро сите држави во САД поднесоа тужба против „Facebook“ за наводите дека компанијата го прекршила законот за монопол и можеби треба да биде фрагментирана, пренесува „Reuters“.

„Facebook“ станува втора голема технолошка компанија што се соочува со голем правен предизвик оваа есен.

„FТC“ во коминикето рече дека ќе бара судска пресуда со која може да се „изземе ослободување од активата, вклучувајќи ги „Instagram“ и „WhatsApp“, заедно со сè друго“.

Во нивната жалба, коалицијата од 46 држави, вклучително и Вашингтон и Гуам, исто така, побара аквизициите на „Facebook“ во „Instagram“ и „WhatsApp“ да бидат прогласени за незаконски.

„Скоро една деценија, „Facebook“ ја користеше својата доминација и монопол за да ги уништи помалите конкуренти, да ја расчисти конкуренцијата и сето тоа на штета на секојдневните корисници“, рече јавниот обвинител на Њујорк, Летиција Џејмс.

Според неа, компанијата користела големи суми за да добие такви конкуренти пред тие да можат да ја загрозат нејзината доминација.

„Facebook“ соопшти дека ги проценува жалбите од „FТC“ и државните антимонополски власти. Компанијата додаде дека владата „сака да направи нов експеримент, без оглед на последиците што ќе ги има преседанот за пошироката деловна заедница или луѓето кои ги избираат нашите производи секој ден“.

Министерството за правда на САД го тужеше „Google“ во октомври, обвинувајќи ја компанијата за околу 1 трилион долари, при користење на својата пазарна моќ за расчистување на конкурентите.

Судските процеси се најголеми случаи на монопол за една генерација и се споредливи со случајот против „Microsoft Corp.“ од 1998-ма година. На крајот, федералната влада се откажа од тужбата, но долготрајната правна битка и вниманието на антимонополските власти не и дозволија на компанијата да расчисти со конкурентите и се верува дека го отвори патот за експлозивен раст на интернетот.

По веста, акциите на „Facebook“ паднаа за 3%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП