20 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДали ова е телефонот на „Xiaomi“ на извлекување? (ВИДЕО)

Дали ова е телефонот на „Xiaomi“ на извлекување? (ВИДЕО)

Флексибилните телефони се уште се малку, но технологијата постојано напредува и овозможува сè похрабри дизајни.

Најновиот тренд, кој почнуваме да го гледаме сè почесто, е извлекување на дисплеите. Оваа технологија веќе ја демонстрираа „Oppo“ и „TCL“, а „Xiaomi“ би можел да им се придружи со свое решение.

Патентот на „Xiaomi“ од минатата година, објавен од „USPTO“ (Канцеларија за патенти и трговска марка на САД), ја покажува визијата на кинеската марка за уред со дисплеј што може да се повлече во куќиштето или да се протега на страниците за да формира форма на таблет.

Џермејн Смит (или „Concept Creator“), во соработка со „LetsGoDigital“, создаде рендери базирани на скици за патенти кои подобро илустрираат како може да изгледа овој концептен уред.

Како и секогаш кога станува збор за патенти, информациите за овој уред треба да се земат со доза на резерва бидејќи нема гаранции дека идејата ќе биде претворена во специфичен производ што ќе се појави на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП