26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропската агенција за лекови цел на хакерски напад

Европската агенција за лекови цел на хакерски напад

Документите поврзани со барањето за одобрување на вакцината “Фајзер / Бионтек” против Ковид – 19 се хакирани за време на сајбер напад врз Европската агенција за лекови (ЕМА), објави Фајзер.

„Важно е да се напомене дека ниту системот на “Бионтек”, ниту на “Фајзер“ не беа оштетени за време на тој инцидент, но не знаеме кои лични податоци се пробиени“, се вели во соопштението на „Фајзер“, пренесува Ал Џезира.

„Чекаме повеќе информации за истрагата во ЕМА и ќе реагираме соодветно и во согласност со европското право“, додаваат тие.

„Водејки сметка за клучните размислувања за јавното здравје и важноста на транспарентноста, ние ќе продолжиме да даваме јасни информации за сите аспекти на развојот на вакцините и регулаторниот процес“, се додава во соопштението.

Европската агенција за лекови, која во моментов размислува за издавање одобренија за неколку вакцини против Ковид-19, во средата соопшти дека тие биле цел на сајбер напад, без да прецизира кога е извршен нападот или кој го водел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП