28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Uber“ го продава бизнисот со „летечко такси“

„Uber“ го продава бизнисот со „летечко такси“

„Uber“ го продава својот бизнис со т.н. „летечко такси“ – „Elevate“ засновано врз производителот на електрични летала „Joby Aviation“ со седиште во Калифорнија, пренесува „BBC“.

Ова е второ клучно средство со кое се разделува американската компанија за споделени патувања во оваа недела. Во понеделникот, „Uber“ објави дека го продава одделот за автономни возила на „Aurora Innovation“.

Двете зделки се дел од стратегијата на технолошкиот гигант за намалување на трошоците и зголемување на профитабилноста.

Во изјавата на извршниот директор на „Uber“, Дара Косровшахи, се вели дека овој потег „ќе ја продлабочи соработката меѓу двете компании и ќе му овозможи на „Joby Aviation“, лидерот во нејзиниот сегмент, да го забрза процесот“.

Како дел од зделката, „Uber“ ќе инвестира 75 милиони долари во калифорниската компанија.

Операциите на „Elevate“ започнаа во 2016-та година и се очекуваше тимот да започне понуда на авио-такси во Лос Анџелес, Далас и Мелбурн во 2023-та година.

„Joby“ беше еден од партнерите на „Uber“ во развојот на „летечкото такси“ пред да ја преземе целата поделба. Производителот планира авиони со нулта емисија да носат четворица патници и да дозволат вертикално полетувања и слетувања.

Тие ќе имаат максимална километража од 241 километар со едно полнење и максимална брзина од 321 километар на час.

Двете компании велат дека ќе ги интегрираат услугите што ги нудат во нивните мобилни апликации.

„Uber“ беше тешко погоден од кризата предизвикана од Ковид-19. Нејзината основна дејност поврзана со заедничкото патување беше намалена за скоро 80% во април, а во летните месеци успеа да поврати голем дел од загубите.

Во мај, компанијата со седиште во Сан Франциско објави дека ќе укине илјадници работни места и ќе затвори 40 свои канцеларии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП