18 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Samsung“ може да претстави три нови флексибилни телефони во 2021-ва

„Samsung“ може да претстави три нови флексибилни телефони во 2021-ва

Според извори од индустријата, „Samsung“ би можел да претстави три нови флексибилни телефони во текот на 2021-ва година. Трите уреди би требало да бидат „Galaxy Z Flip 2“, „Galaxy Z Fold 3“ и „Galaxy Z Fold Lite“.

„Samsung“ започна со производство на три вида „OLED“ панели за секој од претстојните уреди, а покрај тоа, јужнокорејската компанија започна со развој и производство на ултра-тенко стакло (UTG) што ќе ги заштити новите панели.

„Galaxy Z Fold 3“ се очекува со големини на екранот слични на сегашната генерација на моделот „Galaxy Z Fold 2“. Гласините сугерираат дека „Samsung“ ќе имплементира камера под екранот за решение за селфи, а покрај тоа, уредот ќе има поддршка и за „S-Pen“.

„Galaxy Z Fold Lite“ ќе биде обид на „Samsung“ да издаде поевтин флексибилен телефон, кој треба да има поприфатлива цена. Телефонот се очекува да има иста големина на екранот како „Galaxy Z Fold 2“.

„Galaxy Z Flip 2“ ќе го има истиот 6,7-инчен внатрешен екран како и оригиналниот „Galaxy Z Flip“, додека големината на надворешниот екран ќе се зголеми од 1,1 инчи на 3 инчи. Овој модел нема да има предна камера под екранот, што значи дека „Samsung“ ќе продолжи да го користи „punch-hole“ дизајнот.

„Galaxy Z Flip 2“ и „Galaxy Z Fold 3“ се очекуваат подоцна во текот на 2021-ва година, додека „Galaxy Z Fold Lite“ најверојатно ќе биде објавен на почетокот на следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП