25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за ноември 2020

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за ноември 2020

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.11 – 30.11.2020 година вкупниот промет изнесувал 313.231.357 денари и е намален за 26,69 отсто во однос на претходниот месец. 

Класичното тргување изнесувало 242.052.777 денари и е намалено во однос на октомври за 27,71 отсто кога изнесувало 334.843.767 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 240.955.388 денари и обврзници во вредност од 1.097.389 денари.

Блок трансакциите во ноември изнесувале 71.178.580 денари и се намалени за 22,98 отсто во однос на октомври.

Бројот на трансакции во ноември изнесувал 1.196 и е намален за 13,08 отсто во однос на октомври кога изнесувал 1.376.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за ноември се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи НЛБ Банка АД Скопје и третото место го зазема Алкалоид АД Скопје.

Месечниот статистички билтен за ноември 2020 година можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП