4 јуни, 2025
ПочетнаАВТОБИЗ„Audi“ претстави компактен хибриден „SUV“ (ФОТО)

„Audi“ претстави компактен хибриден „SUV“ (ФОТО)

„Audi“ нуди хибридни верзии на своите кросовери „Q5“, „Q7“ и „Q8“, а сега им се придружува и компактниот „Q3“ во верзијата „45 TFSI“. SUV моделот ќе биде достапен и во купе варијанта наречена „Q3 Sportback 45 TFSI“.

Продажбата на двете верзии ќе започне во јануари 2021-ва година, а погонот е ист како кај „VW Golf GTE“. Тоа значи моќност од 245 ks, и двете варијанти поминуваат до 61 km само на електрична енергија („NEDC“ циклус) или 51 km (Q3) и 50 km (Q3 Sportback) според стандардот „WLTP“.

Моторот со внатрешно согорување е 1,4-литарски „TFSI“ кој развива 150 ks и е комбиниран со електричен мотор од 85 kW (116 КС). 6-брзинскиот „S-tronic“ ја пренесува моќноста до предната оска. Забрзувањето од 0 до 100 km на час трае 7,3 секунди, а максималната брзина е 210 km на час.

Стартувањето на кросоверот е секогаш на електрична енергија, освен во екстремен студ. Максималната брзина на движење само на струја е 140 km/h. Во хибриден режим, самиот систем ја регулира заедничката работа на бензинскиот мотор и електричниот мотор, што помага да се престигне и надмине турбо јамата.

Со притискање на копчето „EV“, возачот може да се префрли помеѓу хибридно и електрично возење. Литиум-јонската батерија со капацитет од 13 kW / h е поставена под подот над задната оска. Се полни со наизменична струја од приклучок од 400 волти за 3 часа и 45 минути, а километражата може да се контролира од паметен телефон преку апликацијата „myAudi“.

Стандардната и двете верзии добиваат 17-инчни тркала, додека тркалата од 18, 19 и 20-инчи се достапни како опција. Возачот може да избере помеѓу нормален и виртуелен дисплеј, кој е достапен во две различни големини. Исто така, има 10,1-инчен екран на допир на мултимедијалниот систем. Опремата вклучува и „LED“ светла и двозонска автоматска климатизација.

Хибридната верзија на „Q3“ чини точно 46.000 евра, додека „Q3 Sportback“ е поскап за 1.400 евра, а за двете варијанти се предлага субвенција од властите во Германија од 6.750 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП