6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„ZTE Axon 20 5G“, првиот телефон со камера под екранот, сега е...

„ZTE Axon 20 5G“, првиот телефон со камера под екранот, сега е достапен на глобално ниво (ВИДЕО)

„ZTE Axon 20 5G“ беше претставен во септември и досега беше достапен на кинескиот пазар. Телефонот има уникатен дизајн, а предната камера се наоѓа под дисплејот. „ZTE“ сега го направи телефонот достапен и на глобалните пазари.

Кинеската компанија овозможи да се резервираат телефони, а причината за оваа дистрибуција е што првично ќе бидат достапни ограничен број на достапни уреди. Првата глобална испорака започнува на 21-ви декември.

На списокот на пазари надвор од Кина, кои го добиваат „ZTE Axon 20 5G“, се наоѓаат Јапонија, Јужна Кореја и други пазари во Азија, Јужна Африка, додека во Европа ќе се нуди во Украина, Велика Британија и земјите од Европската унија. „ZTE“ не ја објави цената на телефонот на официјалната глобална веб-страница.

„ZTE Axon 20 5G“ има 6,92 инчен „OLED“ дисплеј, чипсет „Qualcomm Snapdragon 765G“, главна камера од 64MP супер „HD“, што поддржува 4K видео @ 60fps, се напојува со батерија од 4.220mAh, со поддршка за 30W брзо полнење и нуди 5G поддршка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП