24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОсновачот на „BioNTech“ веќе е меѓу 500-те најбогати луѓе на планетата

Основачот на „BioNTech“ веќе е меѓу 500-те најбогати луѓе на планетата

Ко-основачот на „BioNTech“, Угур Шахин се приклучи на клубот на 500-те најбогати луѓе во светот откако Велика Британија ја одобри употребата на вакцината „Pfizer“, развиена во соработка со германската компанија.

Акциите на „BioNTech“ се зголемија за 8% во оваа недела и повеќе од 250% од почетокот на 2020-та година. Во моментов Шахин е на 493-тото место на листата милијардери на „Bloomberg“ со вкупно богатство од 5,1 милијарди долари.

Велика Британија е првата земја која официјално ја одобри употребата на вакцината на „Pfizer“ и „BioNTech“, со што, според прелиминарните тестови, е постигната ефикасност од 95% во спречување на опасната болест.

Одлуката на американската Администрација за храна и лекови, како и одлуката на регулаторите во Европската унија, се очекува во наредните недели.

Во последниве години, германската фармацевтска компанија „BioNTech“ се фокусираше на борбата против ракот, но од избувнувањето на пандемијата Ковид-19, Угур Шахин и неговата сопруга Озлем Туречи, која ја извршува функцијата главен медицински офицер, ги насочија своите напори кон коронавирусот.

Минатата година, „BioNTech“ собра 150 милиони долари од својата првична јавна понуда во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП