18 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Huawei EMUI 11“ сега има над 10 милиони корисници на глобално ниво

„Huawei EMUI 11“ сега има над 10 милиони корисници на глобално ниво

Минатата недела, „Huawei“ објави распоред за официјалната испорака на очекуваното стабилно ажурирање на „EMUI 11“ за глобалниот пазар. Набргу потоа, „EMUI 11“ започна да пристигнува на уредите „Huawei P40“, „P40 Pro“ и „Mate 30 Pro“ во неколку земји.

Иако ажурирањето на „EMUI 11“ е сè уште во почетна фаза на објавување, „Huawei“ истакна дека бројот на корисници на „EMUI 11“ веќе надмина 10 милиони на глобално ниво.

Секако, повеќето корисници се очекува да пристигнат од кинескиот пазар, каде од почетокот на ноември е достапна стабилна верзија на софтверот за над 10 модели на телефони и таблети.

Некои од клучните карактеристики на новиот кориснички интерфејс „EMUI 11“ вклучуваат нов „AOD“ дисплеј во „Mondrian style“, редизајниран „Gallery UI“, синхронизирана вибрација, „smart multi-window“, подобрен „NotePad“, подобрени грануларни поставки и многу повеќе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП