20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕГрип, настинка или коронавирус? Еве како да ги разликувате симптомите

Грип, настинка или коронавирус? Еве како да ги разликувате симптомите

Како што пристигна грејната сезона, со неа традиционално започна и сезоната на настинки и грип.

Сепак, оваа есен и зима, секоја покачена температура, кашлица или воспаление на грлото ќе биде дополнителна причина за загриженост и неизбежно прашање: зарем тоа не е можеби „коронавирус“?

За почеток, треба да знаеме дека настинките, грипот и Ковид-19 припаѓаат на заразни респираторни заболувања, но дека секоја од нив е предизвикана од различни видови на вируси. Се разбира, во случај на појава на какви било симптоми на респираторни инфекции, секогаш е паметно да побарате совет од лекар и да не се обидувате да се лекувате на своја рака. Меѓутоа, ако сте загрижени затоа што не знаете што точно ви е, ви донесуваме неколку упатства што можат да ви помогнат да препознаете дали станува збор за обична настинка, грип или коронавирусна инфекција.

Симптомите на настинка се обично поблаги од симптомите на грип и се појавуваат постепено. Екстремно високата телесна температура е ретка и често се јавуваат симптоми на воспаление на горните дишни патишта, како што се болки во грлото, кивање и течење на носот. Дури и ако се појави кашлица, таа е поблага по интензитет и почесто е продуктивна, а ретко е сува.

Грипот, за разлика од обичната настинка, обично се јавува одеднаш. Најчестите симптоми вклучуваат телесна температура над 37,8 ° C, треска, болки во мускулите, главоболка и исцрпеност и се чувствува чувство на тежина во белите дробови и кашлица. Во некои случаи, може да се појави течење и / или затнување на носот, но кивањето обично изостанува. Компликациите од грип може да вклучуваат пневмонија, кардиолошки и невролошки проблеми.

Симптомите на инфекција на сега актуелниот коронавирус САРС-КоВ-2 можат да бидат многу слични на симптомите на грип, така што овие две болести не се лесни за разликување дури и од лекарите. Единствениот симптом што е карактеристичен исклучиво за Ковид-19 е целосно губење на чувството за мирис и вкус. Со обична настинка и грип, овие сетила понекогаш можат да станат малку вкочанети, но не во толку драстична мера.

Лицето кое развива симптоми на Ковид-19 исто така може да добие многу висока температура, постојана сува кашлица, да има потешкотии со дишењето или отежнато дишење, да чувствува исцрпеност, главоболка и болки во мускулите, а не се невообичаени ниту стомачните проблеми. Малку поретки симптоми се воспаление на горниот респираторен тракт, кивање и течење на носот.

За жал, иако повеќето луѓе не ја чувствуваат инфекцијата со коронавирус, голем број пациенти со Ковид-19 може да имаат многу сериозни компликации, како што се екстремно тешка пневмонија, тежок акутен респираторен синдром и откажување на бубрезите. Кај некои луѓе кои успеваат да ја надминат тешката форма на болеста, има долгорочни последици врз функционирањето на целиот организам.

Сепак, она што е многу важно да се знае е дека симптомите на настинка, грип и коронавирус не се манифестираат подеднакво кај сите пациенти и дека секогаш постојат исклучоци од правилото, така што единствениот начин да бидете сигурни дека имаме Ковид-19 е тестирање.

Што се однесува до превенцијата, за жал, вакцината против коронавирус е сè уште во развој и секако ќе ја чекаме некое време. Сепак, важно е да се чувате не само од коронавирусот, туку и од настинка и грип, бидејќи секоја инфекција може дополнително да го ослаби нашето тело.

Доброто е што оваа година, како и секоја друга, можеме барем да се заштитиме од грипот и неговите компликации – благодарение на вакцината. Згора на тоа, оваа пандемија е причина повеќе за вакцинација, затоа што навистина не потребно да оболиме од грип и неговите компликации, што би нè направило поподложни во случај на инфекција со коронавирус.

Вакцинацијата особено се препорачува доколку спаѓате во една од ризичните групи за кои компликациите како резултат на грип може да имаат големи последици (луѓе со дијабетес, хронични белодробни и кардиоваскуларни заболувања, постари од 65 години и лица со ослабен имунитет, како што се пациенти со карцином и оние кои се на терапија што ја намалува ефикасноста на имунолошкиот систем).

Се разбира, исто така е важно да се почитуваат основните мерки за заштита како што се носење маски, одржување на дистанца и редовна хигиена на рацете и просторот. Во секој случај, ако имате какви било симптоми на респираторни инфекции, останете дома, не одете сами на лекар или во болница. Ако се сомневате дека имате инфекција со коронавирус, консултирајте се со вашиот лекар или епидемиолог.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП