25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Nestle“ инвестира 3,6 милијарди долари во борбата против климатските промени

„Nestle“ инвестира 3,6 милијарди долари во борбата против климатските промени

Најголемата компанија за храна во светот – „Nestle“, објави дека ќе инвестира 3,2 милијарди швајцарски франци (3,6 милијарди долари) во следните пет години за борба против климатските промени.

Компанијата ќе засади 200 милиони дрвја во текот на следната деценија и ќе им помогне на земјоделците и добавувачите да се преселат во регенеративно земјоделство, рече во четвртокот производителот на „KitKat“, цитиран од „Bloomberg“. Марките „Nespresso“, „Perrier“ и „San Pellegrino“ треба да станат јаглерод-неутрални до 2022-ра година, а остатокот од портфолиото во флаширани води до 2025-та година.

Прехранбената индустрија се обидува да ја подобри својата репутација во однос на критиките за штетата врз животната средина што ја нанесува со своето производство и неодржливото пакување на производите. „Nestle“ веќе потроши 2 милијарди франци за промовирање на рециклирање на пластика.

„Бизнис лидерите повеќе не можат да си дозволат да бидат скептични и постојано трпеливи“, коментира извршниот директор на „Nestle“, Марк Шнајдер.

Тој ја идентификуваше моменталната состојба во секторот со онаа со која се соочуваа менаџерите во автомобилската индустрија во 1970-тите и 1980-тите, избирајќи да инвестираат милијарди долари во производство на помали и поекономични автомобили, кои исто така се повеќе евтини.

„Nestle“ исто така објави дека планира да добие 100% од електричната енергија што се користи во своето производство во своите 800 обновливи централи во следните пет години. Компанијата, исто така, планира да го зголеми своето портфолио на растителна храна и пијалоци.

Кога компанијата си постави за цел да произведе нула нето емисии на стакленички гасови до 2050-та година, Шнајдер рече дека климатските промени се еден од најголемите ризици за идниот бизнис на компанијата.

Од „Nestle“ велат дека мерките ќе помогнат да се преполоват емисиите на јаглерод до 2030-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП