17 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Nokia“ истакнува дека 5G е за 90% поефикасна од 4G

„Nokia“ истакнува дека 5G е за 90% поефикасна од 4G

Новата студија, спроведена од „Nokia“ и „Telefonica“, откри дека 5G мрежите се до 90% поефикасни од 4G мрежите. Наодите се резултат на тримесечна студија за испитување на потрошувачката на мрежата за радио пристап (RAN) во мрежата на „Telefonica“.

Двете компании истакнаа дека, иако мрежите 5G драматично ќе го зголемат протокот, тоа нема да доведе до зголемување на потрошувачката на енергија со иста брзина, што покажува посветеност на овие компании за климатските промени.

И покрај позитивните резултати, „Nokia“ признава дека 5G мрежите сепак бараат дополнителни активности за да станат поефикасни во енергијата и да ги намалат емисиите на СО2. Се вели дека постојните функции за заштеда на енергија на радио-базните станици и нивоата на мрежата, како што се 5G функциите за заштеда на енергија, апликациите со мали ќелии и новите 5G архитектури и протоколи, можат „значително да ја подобрат“ енергетската ефикасност на безжичните мрежи кога се комбинираат.

Студијата користеше решенија од портфолиото на „AirScale“ на „Nokia“, вклучувајќи ги „AirScale Base Stations“ и „AirScale Massive MIMO Active Antenna“ решенијата.

Двете компании велат дека се посветени на ограничување на глобалното затоплување на 1,5 C степени. „Nokia“ конкретно рече дека ќе ги намали емисиите од своите деловни активности за 41% до 2030-та година и им помогна на клиентите да ги надградат своите базни станици за да користат 46 проценти помалку енергија.

Минатата година, компанијата посочи дека доставила производи со нулта емисија на повеќе од 150 потрошувачи ширум светот, и ова треба да помогне во намалување на емисиите на СО2 што инаку би исчезнале.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП