19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАViber слави 10-ти роденден

Viber слави 10-ти роденден

Апликацијата Viber за бесплатни меѓународни повици кон мобилни телефони преку iнтернет (VoIP) и за пораки одбележува 10 години постоење.

Влијанието што Viber го имаше на глобалниот пазар на телекомуникации најдобро го илустрира фактот дека во текот на изминатата деценија, преку оваа апликација се направени повеќе од еден трилион бесплатни говорни повици, што, на пример, одговара на еден телефонски повик што трае повеќе од два милиони години, вели Џамел Агауа, извршен директор на Viber.

Набргу по лансирањето на VoIP, Viber се претвори во огромна платформа за пораки, преку која редовно се разменуваат трилиони пораки, се вели во соопштението.

Со текот на годините, креативниот тим на Viber, кој брои 800 члена, го подобри безбедносниот аспект на апликацијата со заштита на приватноста на корисниците и во 2016 година воведе стандардна енкрипција од крај до крај во сите приватни разговори и повици.

Овој стандард значи дека целосната енкрипција е секогаш активирана, што значи дека ако разговарате на Viber, само вие и вашите соговорници може да ги прочитате разменетите пораки, па дури и инженерите на Viber не можат да пристапат до содржината на вашите разговори и повици.

Во текот на 2020 година, тие дополнително го подобрија аспектот на приватност на апликацијата, додавајќи ја функцијата на исчезнување на пораката во сите разговори еден-на-еден, односно самоуништување на пораките во разговорите по испраќањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП