19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТрката за „G4S“ се вжештува со нова понуда од 4,9 милијарди долари

Трката за „G4S“ се вжештува со нова понуда од 4,9 милијарди долари

Конкуренцијата за купување на британската компанија за безбедност „G4S“ станува сè пожешка откако канадската „GardaWorld“ ја зголеми понудата за 3,68 милијарди фунти (4,9 милијарди долари).

„Garda“ во изјавата рече дека нејзината понуда од 235 пени за акција е конечна, освен ако „G4S“ не добие цврста понуда од друг купувач. Претходно, „Bloomberg“ објави дека компанијата со седиште во Монтреал се подготвува да ја зголеми својата понуда.

Купувачот претходно во септември му понуди на „G4S“ целосна понуда за готовина од 190 пени по акција, што беше одбиена како прениска. Според некои акционери, 220 пени по акција е апсолутен минимум за започнување сериозни преговори, велат луѓе запознаени со оваа работа.

Од 30-ти ноември скоро никој не ја прифати првичната понуда на „Garda“, што дополнително го зголеми притисокот врз компанијата да ја зголеми цената.

Акциите на „G4S“ пораснаа за 7,6% на лондонската берза неколку минути пред 12 часот по македонско време, со што се зголеми нејзината пазарна капитализација на околу 3,8 милијарди фунти.

За да ги зголеми своите шанси за успех, „Garda“ исто така се согласи на дополнителен пакет од 770 милиони фунти со пензиските фондови за „G4S“ во Велика Британија.

Сега „G4S“ мора да ја разгледа понудената цена по акција, што е за 130% повисока отколку на крајот на трговската сесија на 12-ти јуни – ден пред првата понуда на „Garda“.

Компанијата се надева на брзо решение, бидејќи нема недостаток на интерес за „G4S“. Веќе постои понуда од „Allied Universal“ – 210 пени по акција, која, исто така, беше одбиена како прениска, рекоа луѓето запознаени со ова прашање. Според нив, американската компанија сака да види дали понудата на „Garda“ ќе пропадне пред да донесе конечна одлука.

„Allied Universal“ се подготвува за предлог откако спроведе задкулисни преговори со „G4S“ и доби пристап до финансиските податоци на компанијата во надеж дека ќе може да формулира нова, повисока цена на понуда за да ја задоволи британската компанија.

Компанијата „Allied Universal“ сега има една недела да понуди контра-понуда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП