На одбележувањето на 29ти Ноември – Денот на даночните работници, НЛБ Банка се здоби со признание за висок степен на даночна култура во 2020 година од страна на Управата за јавни приходи. Целта на овој настан е да им се одаде признание на компаниите кои редовно и уредно ги сервисираат своите даночни обврски, што е од исклучителна важност за стабилноста и ликвидноста на државниот буџет.
Наградата и припадна на Банката сосема оправдано имајќи ги во предвид нејзините високи стандарди на работење како и одговорното применување, следење и почитување на даночните прописи и обврските кон државата и деловните партнери.

