сабота, јануари 16, 2021
-3 °c
Skopje
-4 ° саб
-7 ° нед
-5 ° пон
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати

ALK 13,872.12 -0.82%    KMB 7,816.90 -0.12%    MPT 73,000.00 -0.68%    OKTA 3,789.50 -0.14%    SBT 2,890.00 0%    STB 1,149.05 1.69%    STIL 65.00 0%    TEL 317.00 0.57%    TNB 18,734.81 -0.36%    


Почетна КОМПАНИИ

Акциите на „Moderna“ пораснаа за 20% за само еден ден

декември 1, 2020
во категорија КОМПАНИИ
A A
Акциите на „Moderna“ пораснаа за 20% за само еден ден
21
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter


Американската компанија за биотехнологија „Moderna“ во понеделникот ја затвори сесијата со раст од 20 проценти на акциите, откако соопшти дека побарала дозвола од американските власти за вакцината против Ковид-19 и презентирала анализа на 196 случаи, според кои нејзината пробна вакцина била ефикасна во 94,1% .

Компанијата има намера да аплицира за одобрување и во Европа.

„Moderna“ објави дека нејзината вакцина е ефикасна за сите возрасти, раси, етникуми и пол, како и 100 процентен успех во спречување на тешки случаи на заболување, при што починаа скоро 1,5 милиони луѓе, пренесува Блумберг.

Состанокот на американскиот регулатор, на кој ќе се разгледува апликацијата за регистрација на вакцината на „Moderna“, е закажана за 17-ти декември. На него ќе присуствуваат американски научници и здравствени експерти и ќе се пренесува во живо.

Американската администрација и одвои 486 милиони долари на компанијата за развој на вакцина против оваа болест.

Фармацевтската компанија „Johnson & Johnson“ доби 456 милиони долари, а на „AstraZeneca“, која развива вакцина со научници од Универзитетот во Оксфорд, 1,2 милијарди долари. „Merck“ и „Pfizer“ исто така работат на вакцина против новиот коронавирус во САД, а вториот исто така поднесе барање за одобрување до американската Администрација за храна и лекови.

Американската администрација инвестирала вкупно 12 милијарди долари во овие проекти, според „Reuters“.

Акциите на „Moderna“ пораснаа за 20%, затворајќи на 152,74 долари на берзата во Њујорк. Тие се искачија повеќе од седум пати од почетокот на годината. Пазарната капитализација на компанијата од над 60 милијарди долари ја надмина онаа на „Regeneron Pharmaceuticals Inc.“, која имаше приход од 7,8 милијарди долари минатата година и произведува коктел со антитела против Ковид-19.

Новите резултати ја ставија биотехнолошката компанија со седиште во Кембриџ, Масачусетс, на вистинскиот пат да започне една од првите вакцини за Ковид-19. Слична вакцина од „Pfizer Inc.“ се очекува да биде прегледана од регулаторите пред вакцината на „Moderna“.

„Работевме нон стоп во изминатите неколку недели за да подготвиме податоци за вакцините што ќе им бидат доставени на регулаторите“, рече Стефан Бансел, извршен директор на „Moderna“, во интервју за „Bloomberg“.

Штом властите дадат зелено светло, компанијата ќе продолжи да дистрибуира дози како дел од огромните напори за вакцинација, бидејќи американските болници ќе бидат под притисок поради зголемувањето на случаите.

„Денес сме подготвени да ја испратиме вакцината. Имаме подготвени милиони дози, имаме повеќе и повеќе на секои неколку дена“, вели Бансел.

САД во август постигнаа договор вреден 1,5 милијарди долари за 100 милиони дози на „Moderna“. Европската унија, Канада и Јапонија исто така имаат големи договори за откуп, а Велика Британија обезбеди 7 милиони дози.

Тагови: акциивакцинакомпанијамодерна
СподелиСподелиТвитни

Коментари


Претходна Објава

„Caviar“ создаде луксузен „iPhone 12 Pro“ без камери! (ВИДЕО)

Следна Објава

Инфлацијата во еврозоната остана негативна четврти месец по ред




ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Нови 403 заразени со Ковид-19, десет починати, 339 оздравени пациенти
МАКЕДОНИЈА

Нови 403 заразени со Ковид-19, десет починати, 339 оздравени пациенти

јануари 15, 2021
218
Апликацијата „Signal“ доживува технички потешкотии, не може да  опслужи 40 милиони корисници
ТЕХНОЛОГИЈА

Апликацијата „Signal“ доживува технички потешкотии, не може да опслужи 40 милиони корисници

јануари 15, 2021
37
Голема студија потврдува: Ковид-19 е машка болест – почесто се разболуваат, имаат посериозни компликации, а и почесто умираат
СВЕТ

Голема студија потврдува: Ковид-19 е машка болест – почесто се разболуваат, имаат посериозни компликации, а и почесто умираат

јануари 15, 2021
158
Анализа: Најголемите 30 државни претпријатија од 2015 до 2019 година оствраиле приход од 45 милијарди денари
ЕКОНОМИЈА

Анализа: Најголемите 30 државни претпријатија од 2015 до 2019 година оствраиле приход од 45 милијарди денари

јануари 15, 2021
39
Профитот на „BlackRock“ ги надмина очекувањата
КОМПАНИИ

Профитот на „BlackRock“ ги надмина очекувањата

јануари 15, 2021
46
Блокадата ја чини Грција 3 милијарди евра месечно
ЕКОНОМИЈА

Блокадата ја чини Грција 3 милијарди евра месечно

јануари 15, 2021
79

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нови 403 заразени со Ковид-19, десет починати, 339 оздравени пациенти

Нови 403 заразени со Ковид-19, десет починати, 339 оздравени пациенти

јануари 15, 2021
Апликацијата „Signal“ доживува технички потешкотии, не може да  опслужи 40 милиони корисници

Апликацијата „Signal“ доживува технички потешкотии, не може да опслужи 40 милиони корисници

јануари 15, 2021
Голема студија потврдува: Ковид-19 е машка болест – почесто се разболуваат, имаат посериозни компликации, а и почесто умираат

Голема студија потврдува: Ковид-19 е машка болест – почесто се разболуваат, имаат посериозни компликации, а и почесто умираат

јануари 15, 2021
Анализа: Најголемите 30 државни претпријатија од 2015 до 2019 година оствраиле приход од 45 милијарди денари

Анализа: Најголемите 30 државни претпријатија од 2015 до 2019 година оствраиле приход од 45 милијарди денари

јануари 15, 2021
Профитот на „BlackRock“ ги надмина очекувањата

Профитот на „BlackRock“ ги надмина очекувањата

јануари 15, 2021


НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Враќање на легендата: Пристигнува новиот „Renault 5“ (ФОТО/ВИДЕО)

    Враќање на легендата: Пристигнува новиот „Renault 5“ (ФОТО/ВИДЕО)

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Не може да ги најдеме на мапа, но денеска ќе играат на Мундијалот во Египет

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Нови 403 заразени со Ковид-19, десет починати, 339 оздравени пациенти

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Голема студија потврдува: Ковид-19 е машка болест – почесто се разболуваат, имаат посериозни компликации, а и почесто умираат

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Јод во исхраната за долговечност

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 15.01.2021
ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 15.01.2021

јануари 15, 2021
2.3k
Близнаците, Вагите и Водолијата во февруари ќе имаат среќа до небо
ХОРОСКОП

Близнаците, Вагите и Водолијата во февруари ќе имаат среќа до небо

јануари 14, 2021
1.1k





Следна Објава
Инфлацијата во еврозоната остана негативна четврти месец по ред

Инфлацијата во еврозоната остана негативна четврти месец по ред

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани