11 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАGoogle Play го престигна App Store

Google Play го престигна App Store

iOS-vs.-Google-Play

Продолжуваат одличните резултати на „Google“, а најновата информација која ја објавија е дека нивната „Google Play“ продавница го надминала бројот милион во достапни апликации.

Со тоа тие официјално го надминаа „Apple“ во оваа категорија и нивната продавница „App Store“ која моментално брои „само“ 900.000 апликации.

Ова е уште еден рекорд за „Google“ откако претходно објавија дека бројот на превземања исто така има значителен успех и досега стигнале до бројката од 50 милијарди превземања, a пак девелоперите во последните 12 месеци ја зголемиле заработката за 2.5 пати.

Иако „Google“ има 100.000 апликации повеќе од „Apple“, тоа не е мерило за квалитет, затоа што е познато дека „App Store“ има значително построга контрола на содржините кои ги нудат во својата продавница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП