8 јуни, 2025
ПочетнаАВТОБИЗ„Volkswagen ID.3“ е најпродаваниот електричен автомобил во Европа

„Volkswagen ID.3“ е најпродаваниот електричен автомобил во Европа

Според податоците на „Jato Dynamics“, минатиот месец во Европа се продадени 1.127.624 нови автомобили, што е за 7 проценти помалку отколку во октомври 2019-та година.

Од вкупниот број на продадени нови автомобили дури 26.8 отсто биле со некоја форма на електричен погон.

Најпродавани електрифицирани автомобили во октомври биле „mild“ хибриди, кои сочинуваат 32% oд вкупно продадените електрични возила.

Продажбата на хибридни автомобили во октомври била помала отколку во истиот месец од минатата година, но учеството на „plug-in“ хибриди е зголемено од 21% нa 24%, додека регистрирањето на целосно електричните возила е зголемено од 21% нa 25%.

Најпродаваниот целосно електричен модел во минатиот месец бил „Volkswagen ID.3“, и тоа со 10.475 доставени примероци.

На второ место е „Renault Zoe“ со 9.778 примероци, а на трето е „Hyundai Kona Electric“ со 5.261 возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП