20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈААстероид со големина на Бурџ Калифа се движи со голема брзина кон...

Астероид со големина на Бурџ Калифа се движи со голема брзина кон Земјата

Астероидот, кој речиси одговара на големината на највисоката зграда во светот, Бурџ Калифа, се движи со голема брзина кон Земјата, и треба да помине покрај нашата планета во недела на 29 ноември.

Овој гигант нема да остане долго покрај нас затоа што, и покрај големината, се движи со брзина од 90.000 километри на час.

Заради споредба, просечната брзина на куршумот е околу 4500 километри на час.

Астероидот е со големина од 823 метри, што е за пет метри помал од висината на Бурџ Калифа во Дубаи. Тој нема да биде видлив за повеќето на Земјата, бидејќи е оддалечен повеќе од 4,3 милиони километри од нашата планета.

Во меѓувреме покрај Земјата ќе поминат уште пет астероиди, од кои најголемиот е со дијаметар од 47 метри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП