5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПромоција на Nexus 7

Промоција на Nexus 7

nexus

На настанот на „Google“ кој се одржа вчера премиера имаше и новата генерација на таблетот „Nexus 7“.

Моделот, кој повторно ќе го произведува „ Asus“, има 7-инчен екран кој работи во резолуција од 1920х1200 пиксели, „Snapdragon S4 Pro“ процесор со четири јадра  на 1.5 GHz  и графички забрзувач „Adreno 320“.

На располагање корисниците ќе имаат и 5 мегапикселна камера, 2GB RAM и внатрешна меморија, која во двете верзии на новата генерација на „Nexus 7“ е 16 или 32 GB. Таблетот може да работи и на 4G LTE мрежите, а освен тоа има и „HDMI“ порт и порт „NFC“.

Изгледот на „Nexus 7“ е малку подобрен, тој е за 2 мм потенок од претходната верзија, а исто така и полесен за 50 грама. Инжинерите во куќиштето на овој модел нашле место и за два звучници.

Новиот таблет на „Google“ работи со во исто време претставениот нов оперативен систем на „Android“ – „4.3 Jelly Bean“. Веќе се познати и цените за овој нов уред, па така верзијата со помалку меморија ќе чини 229.99 долари, а таа со повеќе меморија ќе 269.99 долари.

Моделот веќе е пуштен во пред-продажба, а верзијата која е само со Wi-Fi ќе може да се купи уште на 30 јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП