26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Mercedes-AMG“ на пазарот го враќа заборавениот модел

„Mercedes-AMG“ на пазарот го враќа заборавениот модел

Германскиот производител на автомобили „Mercedes-Benz“ планира да го оживее својот мини-ван „R-Class“. Овој пат, сепак, мини-ванот ќе добие целосно електрична единица, пренесува „Car Magazine“.

Компанијата престана да го продава „R-Class“ на сите пазари, освен Кина, бидејќи резултати на ова возило беа прилично лоши, главно заради високата цена. Моделот никогаш не успеа да привлече купувачи во својата најмоќна верзија „R63“, која беше опремена со 6,2-литарски V8, составен рачно и развивајќи 505 ks и вртежен момент од 630 Nm.

Сега, сепак, „Mercedes-Benz“ верува дека „R-Class“ може да го најде своето ново место како целосно електричен кросовер. Можеби ќе ја добие ознаката „Mercedes-AMG GLR“, но тоа е малку веројатно, бидејќи ќе стане дел од електричното семејство „Mercedes EQ“, што значи дека треба да излезе под името „EQR“.

Мини-ванот ќе има 7 седишта, батерија на полнење со капацитет од 105 kW/h и три моќни електрични мотори, кои ќе развиваат вкупно 1.006 коњски сили и 1.350 Nm вртежен момент.

Според информациите, електричниот „GLR“ (EQR) ќе се појави на пазарот не порано од 2025-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП