28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗаразените со Ковид - 19 може да ја шират инфекцијата пократко отколку...

Заразените со Ковид – 19 може да ја шират инфекцијата пократко отколку што се сметаше порано

Систематското испитување и мета-анализата на три човечки коронавируси сугерираат дека лицата заразени со вирусот SAVS-CoV-2 кој предизвикува Ковид -19, најверојатно ќе бидат многу заразни во првата недела по појавата на симптомите. За разлика од Ковид – 19, епидемијата на САРС и МЕРС беше предизвикана од вируси кои подоцна го достигнуваа врвот и веројатно затоа пандемијата Ковид -19 се шири побрзо во заедницата.

Иако вирусните оптоварувања се чини дека се слични помеѓу луѓето заразени со коронавирусот САРС-КоВ-2 кои развиваат симптоми и оние кои немаат, повеќето студии сугерираат дека асимптоматските лица можат побрзо да го исфрлат вирусот од телото и да бидат заразни пократко време.

Иако генетскиот материјал на вирусот САРС-КоВ-2 сè уште може да се открие во респираторните примероци и примероците од столицата дури и по неколку недели, не е пронајден жив вирус кој може да предизвика инфекција во примероците собрани девет дена по појавата на симптомите. пишува во метаанализата на три човечки коронавируси , објавени во магазинот The Lancet Microbe.

98 студии

„Наодите се во согласност со студиите за пронаоѓање контакти кои сугерираат дека повеќето вирусни преносни настани се случуваат многу рано, особено во првите пет дена по појавувањето на симптомите, што укажува на важноста на самоизолацијата веднаш по почетокот на симптомите“, вели водечкиот автор д-р Муге Чевик од Универзитетот Св. Ендрус во Велика Британија.

„Исто така, треба да ја подигнеме јавната свест за опсегот на симптоми поврзани со болеста, вклучително и благи симптоми кои можат да се појават порано во инфекцијата отколку оние поизразените, како што се кашлица или треска.

Истражувачите вклучиле 98 студии со пет или повеќе учесници, кохортни студии и рандомизирани ретроспективни испитувања; 79 од нив се фокусираа на SARS-CoV-2, осум на SARS-CoV и 11 на инфекцијата MERS-CoV.

Со помош на респираторни примероци, одржливиот вирус се размножил во првата недела од болеста. Од друга страна, ниту една студија вклучена во овој систематски преглед не беше во можност успешно да го изолира живиот вирус по деветтиот ден на симптомите кај кој било вид на примерок.

Неколку студии успешно го изолираа живиот вирус од примероците на столицата, а улогата на орално-фекално пренесување за САРС-CoV-2 останува нејасна.

„Овие откритија сугерираат дека во клиничката пракса можеби нема да биде потребно повторување на PCR тестирањето за да се утврди дека пациентот повеќе не е заразен“, вели д-р Чевик.

Најголемото вирусно оптоварување на коронавирусот SARS-CoV-2 РНК е откриено рано во текот на болеста, кога се појавуваат симптоми или пред петтиот ден на појава симптомите. Спротивно на тоа, вирусните оптоварувања кај САРС и МЕРС достигнувва максимум од десет до 14 дена, соодветно, седум до десет дена по појавата на симптомите.

Асимптоматски случаи

Само дванаесет студии пријавиле асимптоматски лица заразени со вирусот САРС-КоВ-2, а шест од нив исто така истражувале колку брзо луѓето го исфрлиле вирусниот материјал од нивните тела.

„Иако оптоварувањата на вирусната РНК се чини дека се генерално слични кај луѓето со и без симптоми, неколку студии сугерираат дека асимптоматските лица можат побрзо да го исфрлат вирусниот материјал од телото“, вели д-р Чевик

Неколку студии откриле дека луѓето со асимптоматска инфекција можат побрзо да се ослободат од вирусот, што сугерира дека оние без симптоми може да бидат исто заразни како и оние со симптоми на почетокот на инфекцијата, но можат да бидат заразни пократко време.

Студијата е спроведена од истражувачи од универзитетите Сент Ендрус, Единбург и Глазгов, како и болниците во Единбург и Неапол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП