26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„BuzzFeed“ го купува „HuffPost“ од „Verizon“

„BuzzFeed“ го купува „HuffPost“ од „Verizon“

„BuzzFeed Inc.“ ја купува платформата за вести преку Интернет „HuffPost“ од „Verizon Communications Inc.“ – уште една голема зделка во меѓународниот сектор за вести.

„BuzzFeed“ и одделот за медиуми на „Verizon“, исто така, се согласија да ги здружат содржините во пошироко партнерство. Како дел од зделката, „Verizon“ се стекна со малцински удел во „BuzzFeed“, кој пак ќе ја користи платформата за рекламирање на телекомот за да достигне повеќе корисници.

Други конкретни детали за договорот не се објавени, пренесува „Bloomberg“.

Договорот е донекаде враќање на корените на извршниот директор на „BuzzFeed“, Џонан Перети, кој е еден од ко-основачите на „HuffPost“.

„Имам живописни спомени од „HuffPost“ што прераснува во водечко соопштение во своите рани години, но „BuzzFeed“ ја прави таа аквизиција затоа што веруваме во иднината на „HuffPost“ и потенцијалот што треба да продолжи да го обликува медиумскиот пејсаж во наредните години“, посочува Перети во изјавата.

„Verizon“ бара начини да го подобри својот медиумски бизнис, кој претходно го водеше Тим Амстронг. Како дел од неговиот план, компанијата мораше да ја трансформира својата колекција на мрежни брендови – како што се „AOL“ и „Yahoo!“ – во успешна рекламна дејност, но неговата стратегија никогаш не се оствари. Откако го смени името од „Oath“ на „Verizon Media Group“ и отпушти персонал, компанијата се фокусираше главно на она што најдобро го прави – обезбедување на безжични услуги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП