18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБАНКИНЛБ Групацијата објави нето добивка од 104.6 милиони евра во првите девет...

НЛБ Групацијата објави нето добивка од 104.6 милиони евра во првите девет месеци од 2020 година

Оваа година НЛБ Групацијата, и покрај тешките економски околности предизвикани од пандемијата со вирусот КОВИД-19, оствари нето добивка од 104.6 милиони евра во првите девет месеци од 2020 година, Управниот Одбор го информираше Надзорниот Одбор на НЛБ д.д. на 65-тата седница одржана на 12-ти ноември.

Во првата половина на годината бевме сведоци на економска хибернација која се случи како последица од пандемијата со вирусот КОВИД-19, додека за време на летниот период сo намалување на бројот на заболени, се олеснија и мерките, а сето ова овозможи враќање на активностите во третиот квартал на 2020 година.  Поради тоа НЛБ Групацијата забележа нормализација на приходите на ниво од пред КОВИД-19 кризата. Групацијата прикажа нето приходи од работењето, во износ од 383.3 милиони евра во првите девет месеци од 2020 година, што е скоро на исто ниво како и истиот период минатата година (пад од 1%), и малку пониска добивка пред резервации од 167 милиони евра (пад од 2%).

Нето некаматните приходи  изнесуваат 158.8 милиони евра и се зголемени за 10.2 милиони евра или за 7% во однос на истиот период претходната година. Нето приходите од провизии и надоместоци се намалија за 1.7 милиони евра или 1% во однос на истиот период претходната година, што укажува на брз поврат на приходите од надоместоци и провизии на нивоа пред кризата.

НЛБ Групацијата добро управуваше и со вкупните оперативни трошоци, како по категории така и регионално.Во споредба со истиот период минатата година, тие се намалени за 0.7 милиони евра. Показателот на трошоците во однос на приходите (CIR)  остана на 56.4%.

Вкупните средства на НЛБ Групацијата  се зголемија и изнесуваат 15.145,7 милиони евра, прикажувајќи ја довербата на клиентите кон Групацијата, преку  постојаниот прилив на депозити на клиентите.

Бруто кредитите на клиенти на ниво на Групацијата изнесува 8.111,1 милиони евра (172,8 милиони евра или 2% повисок од почетокот на годината до сега). Кредитен раст е забележан кај корпоративниот сектор  (56,2 милиони евра или 2% пораст од почетокот на годината до сега) како и кај домаќинствата (105,9 милиони евра или 3% од почетокот на годината до сега). Сите членки на групацијата објавија раст на бруто кредитите на клиенти, со вкупен раст од 6% од почетокот на годината до сега, особено во сегментот на домување, каде повеќето банки пријавија двоцифрен раст.

Квалитетно кредитно портфолио и силна позиција на капитал

Кредитното портфолио останува со висок квалитет. Изложеноста на НЛБ Групацијата кон сектори што се сметаат за чувствителни на КОВИД-19 (сместување, транспорт и автомобилска индустрија) е ограничена, а учеството на нефункционални изложености (NPE) во согласност со директивите на ЕБА (European Banking Authority) се намали на 2.5% и покрај епидемијата.

Стапката на вкупниот капитал на Групацијата беше значително зајакната и достигна многу солидни 21.5% (5,3 п.п. пораст од почетокот на годината до сега), далеку над регулаторните барања и целта на раководството. Силната капитална позиција на Групацијата ќе биде важна за претстојното преземање на Комерцијална банка а.д. Белград. Покрај тоа, ликвидносната на Групацијата останува исклучително силна.

„За време на пролетта, но и за време на месеците што следеа уште еднаш се покажа дека знаењето, искуството, професионалноста, одговорноста и самата улога на голем играч како што е НЛБ Групацијата може да се покажат како особено ефикасни во време на криза и економска хибернација. Продолживме успешно да реагираме на пандемијата КОВИД-19, одржувајќи ја како приоритет грижата за здравјето на нашите вработени и клиентите, на кои им понудивме уште поширок опсег од дигитални решенија достапни 24/7, истовремено обезбедувајќи работа на филијали и услуги за готовина. За време на кризата со коронавирусот, ние исто така континуирано ги поддржувавме нашите клиенти нудејќи мораториум (1,7 милијарди евра) и значителни ликвидни линии, поддржувајќи ги виталните бизниси и домаќинствата“, Блаж Бродњак, извршен директор на НЛБ, накратко ги сумираше активностите на Групацијата. „Изгледите за иднината остануваат неизвесни, бидејќи вториот бран на епидемијата донесе уште еден сет мерки, со што се ограничува јавниот живот, потрошувачката и многу економски активности, сепак, ние ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите клиенти, нудејќи им релевантни решенија секаде и во секое време и ќе им помогнеме да бидат подготвени за сè“, додаде тој.

Континуиран фокус на квалитетот на животот во матичниот регион и одржливи цели

На состанокот, Надзорниот одбор расправаше и за извештајот за воведување на одржливост во деловното работење на Групацијата, со акцент на развојот на систематско управување со климатските и еколошките ризици. Надзорниот Одбор (НО) исто така се запозна со напредокот во развојот на портфолиото на одржливо финансирање, како и со планот за подобрување на нефинансиското известување и одржливо корпоративно управување.

Членовите на НО, исто така, повторно го именуваа Блаж Бродњак за Извршен директор, Арчибалд Кремсер за главен финансиски директор и Андреас Буркхард за CRO на НЛБ д.д. во период од пет години од крајот на нивниот мандат на 6 јули 2021 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП