Компанијата Nordpass анализираше повеќе од 275 милиони лозинки кои биле изложени на јавноста по хакерските напади. Од тоа, тие направија листа со 10 од оние кои се најчести, па затоа, поради безбедносни причини, би било добро да проверите дали вашата лозинка не е меѓу нив.
Повеќе од половина од „протечените“ лозинки биле повторени од неколку десетици до неколку милиони пати, или 56%. Од друга страна, само 44% од лозинките биле единствени, односно не биле повторени никаде.


