20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Air France-KLM“ бара помош од неколку милијарди евра

„Air France-KLM“ бара помош од неколку милијарди евра

Меѓународната авијациска групација „Air France-KLM“ преговара со владите на Франција и Холандија и со инвеститорите за дополнителна помош од неколку милијарди евра. Првично, таа беше околу 4 милијарди евра од земјите, а подоцна уште две милијарди евра од инвеститорите во првиот квартал од 2021-ва година, пишува „Le Monde“, повикувајќи се на познати извори.

Портпарол на „Air France-KLM“ одби да даде коментар. Компанијата веќе доби 10,4 милијарди евра помош оваа година. Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер неодамна ја потврди подготвеноста да обезбеди дополнителна поддршка. Двете земји поседуваат околу 14 проценти од авиокомпанијата.

Шпекулациите за помошта ја погодија цената на акциите на „Air France“ во средата наутро. Тие поевтинија на париската берза за 5 проценти.

Причината за спасувачките програми е критичното финансиско здравје на авиокомпаниите, кои забележаа рекордни загуби во првиот квартал од годината поради суспендирање на буквално целата нејзина флота авиони за време на месеците во карантин.

Од јануари до јуни, „Air France-KLM“ изгуби 4,413 милијарди евра, „IAG“ 3,806 милијарди евра и „Lufthansa“ 3,617 милијарди евра. Ова наметна потреба од прибегнување кон државна помош.

Проблемот е во тоа што помошта за спасување не обезбедува зачувување на работните места. Напротив, авиокомпаниите кои добија најмногу државна помош први објавија големи отпуштања. „Lufthansa“ веќе започна да го намалува бројот на вработени, што ќе влијае на 22.000 лица. „Air France“ објави дека ќе укине 7.580 работни места до крајот на 2022-та година. „SAS“ ќе остави до 5.000 вработени на улица, или 40% од вработените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП