24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКорисниците на Windows 10 бомбардирани со реклами на цел екран

Корисниците на Windows 10 бомбардирани со реклами на цел екран

Корисниците на Windows 10 во последните неколку недели беа преплавени со реклами за Edge, а се тврди дека овој начин на рекламирање ќе ги вознемирува корисниците во иднина.

Нападни реклами не се ништо ново, бидејќи веб-страниците со тоа заработуваат за живот, но тие обично не се содржина која бара целосно внимание, бидејќи зафаќаат 100% од екранот.

Microsoft одлучи да привлече нови корисници на Edge на овој начин, а рекламите на цел екран се појавуваат по скоро секое поголемо ажурирање.

Рекламите ги гледаат и оние кои веќе користат Google Chrome или Firefox.

Ваквите рекламни кампањи обично се смируваат откако е избрана опцијата „don’t update your browser settings“, но во моментот не постои таква можност, па „билбордите“ на „Edge“ се појавуваат доста често, наведува „PC Press“.

Останува да видиме дали привлекувањето на внимание ќе влијае на популарноста на Edge, а многумина тврдат дека голем број на корисници не сакаат да ги изберат оние содржини кои се ставаат на агресивни начини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП