19 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБАНКИБанкарски советник: Што треба да знаете пред да одите да побарате потрошувачки...

Банкарски советник: Што треба да знаете пред да одите да побарате потрошувачки кредит од банка?

Пред да одите да побарате потрошувачки или кеш кредит во некоја од комерцијалните банки во нашата држава, многу е битно да ги знаете овие неколку работи, со што ќе си го намалите времето на траење на процедурата за одобрување, ќе можете полесно да ги планирате финансиите, како и недоумиците околу терминологијата со банкарските службеници.

Најбитно од се при аплицирање за кредит е да бидете во редовен работен однос, или евентуално да имате загарантирани приходи од други извори, како што се пензија, приходи од кирија, договор на дело, странска пензија, но најбитно од се е истите да бидат документирани, односно истите да се реализираат на сметка во некоја банка, за што ќе биде потребно да обезбедите извод од сметката за минимум 6-12 месеци од банката каде што истите се реализираат.

Вообичаено, банките имаат пропишано правила околу бројот на жиранти поврзано со износот на кредитот кој се бара. Најчесто банките за вработени во добри компани и вработени во јавна администрација (училишта, министерства, јавни претпријатија итн.) одобруваат кредити до 300.000 денари без жиранти, до 600.000 денари со еден жрант, над 600.000 денар двајца жиранти, но секако ја земаат во предвид кредитоспособноста и кредитната историја на клиентот, односно дали во минатото клиентот ги сервисирал своите кредитни обврски навремено и без задоцнување.

Доколку банката оцени дека има потреба да учествува жирант во кредитот, потребно ќе биде да најдете некој кој ќе може да се приклучи во кредитот како гарант, со тоа што истиот нема да биде оптеретен со сопствените приходи. Значи доколку побара жирантот кредит во некоја банка, нема да има проблем со приходите за кредитоспособност, бидејќи истите во улога на жирант не се користат за кредитот каде жирантот учествува.

Во случај банката да ви побара жирант, а не можете да го обезбедите, постои кај добар дел од банките можност за обезбедување на кредитот со солемнизиран договор (договорот за кредит се потпишува пред нотар во форма на нотарски акт, што значи дека гарантирате за кредитот со сиот свој имот сите кој ќе бидат учесници во кредитот). За да можете да одите со овој тип на кредит, потребно е да имате доволно приходи за да обезбедите кредитоспособност за кредитот, а многу е важно да имате и имот на свое име, што ќе го докажете со приложување на имотен лист/листови од имотот кој го поседувате.

Процедурата на одобрување на потрошувачките кредити не треба да трае подолго од една работна недела, доколку е доставена комплетна документација до банката.

Легенда на термини

Потврда за плата и административна забрана – документ кој се заверува на работа со основни податоци за клиентот, како и податоци за висината на примањата, задршките, работниот стаж во компанијата, како и вкупниот работен стаж

Жирант – лице кое гарантира за кредитот на кое не му се користат приходите во пресметката на кредитоспособноста

Ко-кредитобарател – лице кое учествува во кредитот подеднакво како и барателот на кредитот, на кое му зе земаат приходите при оценката на кредитоспособноста во кредитот

До следниот банкарски совет,

Вашиот Банкар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП